Наместо да го врати позајмениот автомобил, го продал: Kривична за измама против двајца тетовци

Макфакс

10/08/2026

16:10

219

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, две лица се соочуваат со кривична пријава за измама поради продажба на возило кој им било позајмено, наместо да го вратат на сопственикот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (29) и Б.С. (56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Според пријавеното, во септември 2025 година А.С. од Тетово му го позајмил своето патничко возило на А.К.

Наместо да му го врати возилото на сопственикот, А.К., под изговор дека возилото има дефект, го продал на Б.С.

СВР Тетово по целосното документирање на случајот поднело кривична пријава против двајцата.