[ВИДЕО] Манасиевски: Филипче е во паника по инцидентот во Ново Село

Макфакс

10/08/2026

12:40

200

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е во паника по инцидентот во Ново Село и дека користи политички поени преку глумење жртви.

Нервозата кај лидерот на СДСМ, Венко Филипче, расте, а раководството не бира начин за политички поен, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција.

Социјалдемократскиот сојуз долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село“, рече Манасиевски.

Тој обвини дека Филипче е во паника откако, како што наведе, се покажале вистинските лица на „децата“ кои тој ги пратил да направат инцидент во Ново Село.

Според Манасиевски, Ефтимов и Стојанов отишле на местото каде што требало да биде претседателот Мицкоски со намера да предизвикаат инцидент, а потоа да се претстават како жртви.