Повеќе од 15 часа борба со пожарот на депонија во Крива Паланка, градоначалникот очекува огнот до вечер да биде изгаснат

Макфакс

09/08/2026

11:55

270

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, при што градоначалникот Сашко Митовски очекува огнот да биде изгаснат до крајот на денот, додека жителите ќе чувствуваат непријатни мириси.

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот.

Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце.

Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со вода потребна е поголема количина на земјен материјал“, рече Митовски.

Тој кажа дека жителите на градот во текот на денот ќе чувствуваат непријатна миризба и додаде дека очекува до крајот на денот, Општината да се справи со пожарот.