Полицијата расчисти обид за убиство во Скопје

Макфакс

09/08/2026

10:57

243

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Скопје расчисти неколку кривични дела, вклучувајќи обид за убиство и насилство во семејството, и уапсени се сторителите за кои се поднесени кривични пријави.

СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, сторителите се уапсени и против нив се поднесени кривични пријави.

Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш потоа, во 21:35 часот тој е уапсен и бил пронајден ножот, а по документирање на случајот му е поднесена пријавата, по што е спроведен пред судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Додека, Одделението за семејно насилство поднесе кривична пријава против С.Р.(57) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда” по член 131 и „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека во повеќе наврати физички ги напаѓал неговата 47-годишна сопруга, нивните две ќерки и нивниот син, а последен пат тоа го сторил на 07.08.2026 кога во семејниот дом во скопско со тврд предмет ги нападнал сопругата и една од ќерките, при што на сопругата нанел тешка телесна повреда, а на ќерката телесна повреда. По преземени мерки, вчера во 09:40 часот тој е уапсен и во консултација со ОЈО му е поднесена пријавата по брза постапка, а од судија му одреди притвор во траење од осум дена.