Осумгодишно девојче е сериозно повредено во сообраќајна несреќа во Гостивар откако во него удрил автомобил од марката јагуар. Повредената е пренесена во Ургентниот центар каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото на несреќата изврши полицијата.
Осемгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот.
„На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.






