Тепачка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници избодени со нож

Макфакс

08/08/2026

14:40

172

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, пред угостителски објект на улицата Борис Кидрич, се случи физичка пресметка помеѓу две групи при што беа употребени ножеви, а двајца млади од Камењане се здобија со убодни рани. Полицијата презема мерки и трага по останатите учесници.

Пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и нож.

Со убодни рани се здобиле Е.М. (20) и А.Р. (20), двајцата од село Камењане.

„По преземените мерки, на 8 август во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово бил лишен од слобода А.Р. (20). Пет минути подоцна, во 01:30 часот, во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш. (22) од село Ново Село и А.Б. (23) од село Горно Палчиште. И тие биле лишени од слобода и задржани во полициска станица“, велат од МВР за случајот.

Полицијата работи на идентификување и на други лица учесници во настанот. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.