[ВИДЕО] Сè се тресе, опремата паѓа, а хирурзите го спасуваат пациентот среде земјотрес во Јапонија

A1ON.MK

07/08/2026

18:07

441

Големина на фонт

а а а

Снимка од безбедносните камери во болница во јапонски Кумамото го прикажува драматичниот момент земјотресот со магнитуда од 7,1 степени ја потресе операциската сала додека трае хируршки зафат.

На снимката од 28 јули се гледа како целата сала силно се тресе, а медицинската опрема се поместува и паѓа. Дел од медицинскиот персонал е буквално исфрлен од рамнотежа, додека двајца лекари со телата го придржуваат операцискиот кревет за да го заштитат пациентот.

Светлата во салата треперат, а медицинските сестри и лекарите се обидуваат да ја задржат рамнотежата и да ја обезбедат опремата. Еден од членовите на тимот падна на подот додека се обидува да спречи поместување на медицинските инструменти.

И покрај силното тресење, лекарите по смирувањето на земјотресот продолжиле со операцијата и успеале да ја завршат. Болницата повторно започнала со редовна работа на 5 август.

Земјотресот го погоди јужниот дел на јапонскиот остров Кјушу на 28 јули и предизвика големи материјални штети. Според досегашните податоци, загинаа 38 лица, а повеќе од 120 беа повредени.

Во погодените подрачја беа оштетени и урнати бројни објекти, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија и вода. Околу 79.000 луѓе со денови немаа пристап до вода, додека околу 3.500 домаќинства останаа без струја, во услови на температури од околу 35 степени Целзиусови.

Околу 9.000 жители беа евакуирани во привремени сместувачки центри. Земјотресот беше почувствуван и во Јужна Кореја.

Меѓу најпогодените места беш градот Кашима, каде при уривање на трговскиот центар „Aeon“ загина најмалку седум лица. Во Хикава беа уништени или оштетени повеќе од 800 од околу 4.500 куќи.