„Талогот на СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, печали политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, ништо не направија да ги решат проблемите. Проблемите со квалитетот на питката вода ги имаше и кога Венко Филипче бил министер за здравство, и за целиот период на власт на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Документите од извршените испитувања, кои беа презентирани во јавноста, покажуваат дека во периодот на власт на СДС и на министерувањето на Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата, меѓу кои и во Гостивар.
Но, само препознаениот талог во СДС на чело со Венко Филипче, тогаш имаа побитна работа од здравјето на граѓаните и безбедноста на водата за пиење. Талогот во СДС беше зафатен со местење тендери, пљачкање на државата и распродавање на се македонско.
Зафатени со распродавање на националните интереси, талогот во предавничката СДС немаа време ниту да ги известат граѓаните да не ја користат водата, ниту да преземат мерки да ги решат ваквите проблеми, ниту пак да повикаат на одговорност.
Ниеден директор не беше ниту разрешен, ниту процесуиран од истражните органи, а ниту некој градоначалник бил повикан на морална или кривична одговорност за труењето на граѓаните со небезбедна вода за пиење.
Наместо конкретни мерки и отчетност, предавничката СДС дозволи проблемите да се натрупуваат, без граѓаните да добијат одговор што било преземено по наодите и анализите.
Денес, истите тие политички актери се обидуваат да зборуваат за одговорност, иако токму во нивниот мандат не беа преземени соодветни чекори за санкционирање на пропустите.
Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми.
Граѓаните заслужуваат транспарентност и отчетност и еднаков пристап кон одговорноста, без политичка селективност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.










