Утре без вода делови од Скопје

Макфакс

05/08/2026

17:20

212

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето во неколку делови од Скопје следниот ден поради санација на дефекти на улиците Драчевска и Рајко Жинзифов.

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје.

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата.

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, од 8:00 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршување на интервенцијата