Шампионот во успешна акција: Арсенал договори екстра засилување за 75 милиони фунти

Дерби

05/08/2026

11:20

285

Големина на фонт

а а а

Арсенал веќе неколку сезони игра паметно на трансфер пазарот, влече потези кои треба да донесат успеси за сегашноста и иднината, потези кои почнаа да се исплаќаат и потврда за тоа е освоениот пехар во Лигата на шампионите.

Клубот од Лондон во претходната сезона играше уште во две други финалиња (Лигата на шампионите и англискиот Лига Куп) што е потврда дека работите се движат во позитивен правец. Во таборот на Арсенал исто така им е јасно дека не смеат да се задоволат, да престанат кога се во прашање вложувањата и ова лето веќе се прават одредени корекции во екипата.

Пристигна Цолис од Бриж, голманот Мелие како слободен фудбалер, а најзначајното заминување досега е Тросар во Бешикташ.

Сега доаѓа веста дека премиерлигашот успеал да договори екстра засилување на средината на теренот и тоа за „само“ 75 милиони фунти што е „скромно“ ако се погледнат некои други трансфери како оние на Тонали, Роџерс, Елиот, Фернандеш…

Се работи за капитенот на Њукасл, Бруно Гимараеш кој доаѓа во северниот дел на Лондон со повеќегодишен договор. Њукасл и Арсенал си подале рака за сума од 75 милиони фунти со тоа што 20 проценти одат кај Лион, претходниот тим на Бразилецот.

Со ова шампионот добива уште едно квалитетно име на средината, ас на кој ПЛ и англискиот фудбал му се добро познати затоа што од 2022 го носеше дресот на Њукасл, период за кој одигра вкупно 195 натпревари, постигна 31 гол и запиша 32 асистенции.

Од друга страна продолжува распадот на „страчките“ кои претходно ги продадоа Гордон и Тонали, си замина тренерот Хау, а иако беа во пол позиција на крајот останаа без потписите на Манзамби и Муњоз кои завршија во Астон Вила, односно Ливерпул.