Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Дрим Шорт

Макфакс

05/08/2026

11:00

113

Големина на фонт

а а а

Во Струга започнува десетто јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“, со пет дена полни со проекции од различни програми и специјална музичка активност.

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“.

Во текот на пет фестивалски денови публиката ќе гледа филмови од пет натпреварувачки програми: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“ во соработка со „Про Пис Северна Македонија“.

Жирито кое ќе одлучува за наградите во секоја категорија е во состав: Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска, актерка, Цанко Василев, продуцент, и Гледис Бица, режисер.

Вo продолжение се наоѓа програмата и распоредот за првиот фестивалски ден.

Програма за 5 август (среда)

Локација: Парк на поезијата, Струга

19:30 Свечено отворање и проекции на филмови

Меѓународна програма: A south facing window, режија: Lkhagvadulam Purev-Ochir Wonderwall, режија: Róisín Burns

Регионална програма: Imaginary Numbers, режија: Jelica Jerinić

Специјална програма: „Соочување со минатото“ I Believe the Portrait Saved Me, режија: Alban Muja

Национална програма: КЛУПА, режија: Трифун Ситниковски [премиера]

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори.

Музичка програма е закажана од 22:30 часот со концерт на Дина Јашари.

Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.

Генерален покровител на јубилејното издание на фестивалот е Агенцијата за филм на Северна Македонија. Ова издание е овозможено од повеќе партнери и спонзори.