[ВИДЕО] Динамо испорача „петарда“ во мрежата на Жалгирис и дојде на чекор од плејофот во ЛШ

Дерби

05/08/2026

07:19

146

Големина на фонт

а а а

Динамо преживеа тежок двомеч со Тун и се спасуваше од елиминација во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, но сега третото го отвори на најдобар можен начин.

Хрватскиот великан од Загреб се прикажа во најдобро светло на „Максимир“ и го торпедираше Жалгирис во секоја смисла на зборот, испраќајќи ги Литванците со „пет парчиња“ во својата мрежа.

Динамо издоминира отпочеток докрај и постигна пет голови во мрежата на гостите, па практично си завери билет во бараж финалето за влез во главната фаза на Лигата на шампиони.

Гол серијата ја отвори Зајц во 31-та минута, две минути подоцна погоди МекКена за 2:0, а големата во вториот дел ја надополнија Лисица, Стојковиќ и Качавенда.

Овој резултат носи голема веројатност дека реваншот ќе биде чиста рутина, без оглед на тоа што Литванците сигурно ќе сакаат да прикажат подобра слика пред своите фанови.