[ФОТО] Полицаец се преправил во грмушка и ги демнел возачите: За шест часа фатил дури 74 прекршители

Точка

04/08/2026

20:30

667

Големина на фонт

а а а

Полицаец во Њу Џерси се преправил во зелена грмушка за да ги фати возачите кои за време на возењето испраќаат пораки, пребаруваат на интернет или разговараат на телефон.

Полициската управа на Данелен на социјалните мрежи објави фотографии од својата „специјална единица“. На нив се гледа полицаец во маскирно одело кое потсетува на зелена грмушка, со двоглед во рацете.

„Дали денес ја забележавте нашата ‘грмушка’? Ако главата ви беше наведната кон телефонот, веројатно не сте ја забележале“, порачаа од полицијата.


Како што објаснија, контролата била спроведена во прометен дел од центарот на градот низ кој минува и голем број пешаци. За само шест часа биле изречени 74 казни на возачи кои користеле телефон додека управувале со возило.

Казните достигнуваат и до 600 долари

„Нека ова ви биде потсетник: пораката или известувањето можат да почекаат. Гледајте го патот, а не екранот“, порачаа од полицијата.


Казните за прекршување на законот со кој е забрането држење телефон за време на возење започнуваат од 200 долари, а за повеќекратни прекршители можат да достигнат и до 600 долари.

На возачите кои трипати ќе го повторат истиот прекршок, возачката дозвола може да им биде одземена за период до 90 дена.