Иванка Трамп ги сподели фотографии од својот одмор каде што носи провокативни и модерни мини фустани, истовремено покажувајќи како ужива со својот сопруг и деца, како и својата љубов кон јогата во слободното време.
Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп (44), ги поминува слободните денови на одмор, на непозната локација, но веднаш сподели фотографии со својот сопруг на социјалните мрежи. Иванка е позната како една од најстилските жени, а нејзините извајани нозе често се тема на настаните каде што се појавува.
На фотографиите со Кушнер, фустанот со точки на Иванка го украде целото внимание, што е повеќе од модерно оваа сезона. Убавата русокоса избра зелен фустан во А-крој со изразено деколте, но повторно сите многу повеќе гледаа на нејзините долги нозе.
Имаше и други снимки од одморот, Иванка покажа како ужива да биде со своите деца, но и секојдневно практикува јога, без оглед на тоа што е на одмор.
„Прекрасни фотографии“, „Какви нозе“, „Прекрасно семејство“, „Прекрасна си“, „Фустаните ти стојат совршено“, беа некои од коментарите под нејзината објава.




