Британец осуден бидејќи речиси три години го чувал телото на мајка си во замрзнувач за да ја зема нејзината пензија

Макфакс

03/08/2026

18:10

171

Големина на фонт

а а а

Британец е осуден на повеќегодишна казна затвор затоа што го чувал телото на својата мајка во замрзнувач за да ја продолжи исплатата на нејзината пензија, што ја откри полицијата по загриженост од нејзините лекари.

Британец е осуден на две години и четири месеци затвор бидејќи речиси три години го чувал телото на својата мајка во замрзнувач за да продолжи да ја прима нејзината пензија, пренесуваат британските медиуми.

Според „Гардијан“, 60-годишниот Кристофер Филипс го чувал телото на својата 89-годишна мајка во замрзнувач во нивниот дом во Велс, додека во меѓувреме незаконски примил повеќе од 78.000 фунти пензија и други средства.

Случајот бил откриен кога полицијата дошла да ја провери жената по загриженост од нејзините лекари. Филипс тврдел дека таа е во Лондон кај роднини, но полицајците го пронашле нејзиното тело во замрзнувачот.

На судот било кажано дека Филипс бил главен старател на мајка си и дека по нејзината смрт не можел да се помири со загубата. Тој се изјаснил за виновен за спречување на достоинствен и законски погреб, како и за две дела поврзани со измама.