Стабилна состојба во Гостивар, уверува Министерството за здравство

Макфакс

03/08/2026

11:50

113

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и се следи од надлежните институции, со зголемување на бројот на прегледи во почетокот на август, но сепак далеку понизок од пикот во јули.

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи.

И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога биле регистрирани вкупно 649 прегледи.