Обилни дождови и поплави во Индија: Најмалку 14 загинати, илјадници евакуирани

Макфакс

03/08/2026

09:59

187

Големина на фонт

а а а

Јужна Индија беше погодена од обилни дождови и поплави кои предизвикаа најмалку 14 жртви и евакуација на илјадници лица. Особено погодени се сојузните држави Керала и Карнатака каде што се воведени прифатни центри, а училиштата се затворени поради продолжениот лош временски период.

Обилни дождови и поплави за време на викендот погодија делови од јужна Индија, при што загинаа најмалку 14 лица, а илјадници беа евакуирани.

Во сојузната држава Керала загинаа најмалку 11 лица, а околу 7.700 жители се евакуирани и сместени во 275 прифатни центри, соопштија локалните власти.

Во соседната држава Карнатака, свлечиште предизвикано од обилните дождови усмрти три лица – брачен пар и нивниот син.

Властите предупредуваат дека и денеска се очекуваат силен ветер и нови врнежи, додека во повеќе делови од Керала училиштата се затворени, а е одложен и државниот испит за вработување наставници.