Трамп тврди дека освоил голф-турнир: „Тоа се вика талент, јас го имам, тие немаат!“

Макфакс

03/08/2026

09:57

200

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го освоил клупското и сениорското голф-првенство на својот терен, предизвикувајќи полемики во медиумите за точноста на неговите тврдења.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го освоил клупското и сениорското првенство во голф на теренот Trump National Golf Club Bedminster во Њу Џерси.

„Им благодарам на сите што учествуваа. Победив со резултат 70. Тоа се вика талент. Јас го имам, тие немаат!“, напиша Трамп на Truth Social.

По неговата објава, дел од американските медиуми потсетија дека неговите тврдења за освоените голф-титули со години предизвикуваат полемики.

Според списанието Golf Monthly, Трамп во вкупниот број ги вклучува и сениорските натпреварувања, а најголем дел од титулите се освоени на терени што се во негова сопственост.