Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Египет

Макфакс

03/08/2026

09:57

195

Големина на фонт

а а а

Во Египет рано утринава беше почувствуван земјотрес со јачина од 5,3 степени кој го погоди североисточниот дел на земјата, предизвикувајќи чувство на несигурност во повеќе градови, вклучувајќи го и Каиро. Досега нема пријавено повредени или поголема материјална штета.

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени рано утринава го погоди североисточниот дел на Египет, соопшти турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (AFAD).

Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри.

Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро.

Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а Министерството за здравство ги ставило сите болници во состојба на максимална подготвеност.