[ВИДЕО] Хаверц и Артета воодушевени од дебито на новото засилување: Сите ќе уживате во овој фудбалер

Дерби

02/08/2026

16:03

502

Големина на фонт

а а а

Христос Цолис е фудбалерот кој пристигна во Арсенал како замена за Леандро Тросар, а уште на првиот меч кој го одигра во новите клупски обележја, Гркот воодушеви со подвижноста и директниот пристап како брзоного крило.

Цолис го засили Арсенал за сума од 40 милиони евра и ова ќе биде еден од поевтините трансфери на Арсенал ова лето, но без оглед на сумата, сите во клубот се уверени дека добија голема гаранција на левото крило.

Христос отвори со добри потези и постигнат гол на вчерашниот меч со Џирона, по што на крајот од натпреварот беше најкоментиран играч од Микел Артета, но и од Каи Хаверц.

– Цолис е неверојатен, сите се запознавме со неговите квалитети уште од првата минута. Го познавам од времето кога играше во Германија, тој е топ играч и извонредно момче. Среќни сме што го имаме тука со нас, очекуваме многу да ни помогне, – изјави Хаверц.

– Презадоволен сум од првите недели на Цолис, особено од начинот на кој се адаптираше. Конекцијата која ја воспостави со момците е извонредна, сигурен сум дека сите ќе го сакаат и ќе уживаат во овој играч. Тој е многу директен, секогаш знае каде е топката и добро ги поврзува редовите. Тој дојде многу гладен во Арсенал, гладен е за докажување и ние сме тука за да му помогнеме во обидот да си го оствари сонот, – изјави Артета.