Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши својот настап на Европското првенство од Б сегментот кое се одржа во Хрватска, а по поразот од Велика Британија стана јасно дека нашите јуниори го освојуваат 14-то место.
Во разигрувањето за конечен пласман на континенталниот собир, британските кошаркари беа подобри и славеа со 83:73, па така нашите млади кошаркари се враќаат дома како 14-то пласирата селекција на турнирот.
Јуниорите подобро го отворија натпреварот и ја добија воведната четвртина со 21:18, но потоа Британците направија пресврт и на пауза заминаа со предност од два поени.
Клучната разлика се направи на стартот на последната четвртина кога Британците за првпат отидоа на двоцифрена предност, по што стана јасно дека победникот ќе биде решен без неизвесна завршница.
Дамјан Данев со 16 поени беше најефикасен тим во македонскиот табор, а по 14 поени постигнаа и Ѓиновски и Ѓорѓевиќ.





