Државниот архив објави историски фотографии и документи по повод Илинден

Макфакс

02/08/2026

09:50

185

Големина на фонт

а а а

Државниот архив објави избор на архивски фотографии и документи по повод Илинден, кои ја отсликуваат борбата и идеалите на македонските револуционери за слобода и сопствена држава.

По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците.

„На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ. Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество. Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското востание!“ наведуваат од Државниот архив.