[ВИДЕО] Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Ова нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај, има груба манипулација од локален јавен обвинител

Макфакс

31/07/2026

14:46

474

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше ситуацијата околу враќањето на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, оцени дека постои груба манипулација од страна на локален јавен обвинител и најави продолжување на истрагата.

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од локален јавен обвинител

Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски, изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес.

„Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и презиме, не би сакал да шпекулирам со имиња и презимиња. Допрва ќе има истрага и ќе следи истрага за овој процес, затоа што од страната на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој којшто е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство овдека во Битола. Ова нема така да заврши“, одговори премиерот Христијан Мицкоски.