[ВИДЕО] Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

A1ON.MK

31/07/2026

12:45

824

Големина на фонт

а а а

Околу 49.000 мигранти преминале од Мароко во шпанската енклава Сеута во изминатите 24 часа, според проценките на локалните власти, што претставува еден од најголемите мигрантски бранови регистрирани во оваа област.

Според информациите, илјадници луѓе ја препливале морската граница што го дели Мароко од шпанската северноафриканска енклава, а приливот продолжил и во текот на ноќта.

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си јави дека мигрантите продолжиле да пристигнуваат и денес, додека локалните служби се обидуваат да се справат со зголемениот број новодојдени.

Фотографиите и видеоснимките објавени во медиумите прикажуваат голем број мигранти кои се обидуваат пливајќи да стигнат до брегот на Сеута, додека безбедносните и спасувачките служби интервенираат долж крајбрежјето.

Шпанските власти внимателно ја следат состојбата, а засега не се соопштени дополнителни информации за мерките што ќе бидат преземени поради масовниот прилив на мигранти.