Џани Инфантино даде радикален предлог-план за тоа како ФИФА и Федерациите можат драстично повеќе да заработат со продажба на брендот наречен Светско првенство, но оваа идеја на првиот човек на најважната светска фудбалска асоцијација наиде на многу жестоки критики и предизивка вистински револт во цела јавност.
УЕФА како најважно тело во Европа прва испорача рафал на сметка на Инфантино и изречно се дистанцираше од сите ставови на првиот човек на ФИФА, па откако најави дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања под капата на ФИФА доколку дојде до продажба на мундијалот за финансиски цели, со официјални реакции се јавија и членките Федерации од асоцијацијата.
ФИФА добива се повеќе негативни одговори за предлог-планот на Инфантино, а според легенарниот Ули Хенес, ова е вистинско време најелитните европски селекции да ја покажат својата моќ.
– Лично сметам дека европските селекции и Федерации не сфаќаат колку се моќни. Натпреварувањата без европски репрезентации не вредат ништо.
– Ако европските Федерации останат доследни на својот став и покажат заедништво, Инфантино нема да може да го спроведе својот план за продажба на богати инвеститори. Ако Инфантино сака на мундијалите да гледа натпревари меѓу Фиџи и Зеленортски Острови, нема далеку да стигне, – изјави Хенес, легендарниот функционер и поранешен претседател на Баерн Минхен.







