Александер Зверев долго време ја бараше првата титула на грен слем турнирите и конечно тоа успеа да го направи оваа година кога славеше на Ролан Гарос.
Уште како тинеџер и потоа кога влегуваше да води битка си сениорите Зверев важеше за играч со голем потенцијал, квалитет, знаење, но му беше потребно време да се пронајде, да испорача најдобар резултат на најзначајните турнири во тенисот.
Германецот имаше можност да игра против Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер, „големата тројка“ од која има еден ривал кој му бил најтежок.
- Најтешкиот противник е секогаш Новак Ѓоковиќ. Секогаш имавме добри натпревари и добри ситуации. Тој ме победуваше повеќе, но победуваше сè повеќе и повеќе.
- Имам добар резултат против него, иако и многу загубив. Имаше денови кога не можев да го победам. Рожер играше брзо, а јас можев да играм уште побрзо. Тоа не му се допаѓаше. Имав добра тактика против него и знаев како да ја искористам.
- Тој (Надал) беше премногу физички силен за мене. Секогаш имавме тесни натпревари, но јас се заморував. Тоа се промени кога имав 23-24 години, - истакна Зверев кој говореше за Јаник Синер и Карлос Алкарас.
- На почетокот полесно се справував со Синер, но сега имам десет последователни порази. Тој многу ја подобри својата игра, многу е конзистентен и ништо не подарува.
- Повеќе сакам да играм против Карлос отколку против Јаник. Натпреварите со него се секогаш неверојатни. Понекогаш победувам, понекогаш губам, но секогаш уживам, - порача Саша.







