Германски репрезентативец и се нуди на Барселона

Дерби

31/07/2026

10:43

166

Големина на фонт

а а а

Барселона засега останува мирна и не се впушта во сериозна офанзива на трансфер пазарот како одговор за лутиот ривал Реал Мадрид кој веќе затвори неколку зделки, а се најауваат и уште неколку операции.

Каталонците ги доведоа Гордон и Адејеми, но тешко оди потрагата по „деветка“ каде прва желба е Алварез, играч кој Атлетико Мадрид не сака да го продаде и останува да се види до кога Барса ќе инсистира да го доведе. Во исто време има дилеми, прашалници и за тоа дали ќе се освежат некои други позиции, а во меѓувреме стигна информација дека германски репрезентативец му се нуди на шпанскиот првак.

Радио Марка преку Матео Морето пренесува дека Леон Горецка кој е слободен фудбалер посакува одново да игра под водство на Ханси Флик. Барселона некое време ќе биде без Френки Де Јонг поради повреда и Горецка би можел да биде некоја замена, алтерантива особено ако си замина и Касадо.

Сепак тимот од Каталонија засега не размислува за Леон и се дава приоритет на други позиции како нападот и одбраната ако се појави вистинска можност на пазарот.