Проблем за Ираола: Дефанзивец на Ливерпул ќе го пропушти стартот на сезоната во Премиер лигата

Дерби

31/07/2026

10:42

122

Големина на фонт

а а а

Ливерпул веќе ги одработува подготовките за престојната натпреварувачка 2026/2027, сезона во која тимот ќе биде предводен од нов тренер, шпанскиот стручњак Андони Ираола.

Ова е многу важен период за секоја екипа, а така и за Ливерпул, период кој знае да донесе и одредени проблеми, повреди и со таква ситуација се соочува премиерлигашот. Имено дефанзивецот Џо Гомез се повреди на средбата со Сандерленд и тој дефинитивно нема да биде достапен некое време и ќе го пропушти стартот на кампањата во Премиер лигата која започнува на крајот на месец август.

- Џо има повреда на мускулот. Беше сосема јасно бидејќи веднаш се пожали, па ќе биде надвор од терените неколку недели. Тешко е да се каже [во однос на временската рамка] – обично еден месец. Ако оди многу добро, тогаш малку помалку. Ако оди лошо, тогаш малку повеќе. Не е масивно. Но, мислам дека ќе биде невозможно да го имаме на почетокот на сезоната бидејќи не сме толку далеку од тоа, но не би требало да биде многу повеќе, - истакна Ираола кој има проблеми на стоперската линија и поради тоа шанса добиваат и млади играчи, таленти од школата.

- Видовте во овие натпревари дека сме доста тенки на стоперската позиција. Сè уште го немаме Вирџил. Единствените централни бекови што ги имаме во моментов се Мор и Ифеањи, кои имаат 18 години, штотуку пристигнаа во клубот и се снаоѓаат неверојатно добро.

- Лук Чемберс играше таму [против Рексам]. Тој не е централен дефанзивец, но играше навистина добро. Додека не вратиме некои од играчите, мислам дека Џереми е подготвен да игра. Ќе го вратиме Вирџил, но среќен сум што играјќи против Сандерленд и Рексам со 18-годишни стопери, тимот покажа смиреност и цврстина во одбраната и тоа многу добро зборува за нив, - порача Шпанецот.