[ФОТО] На Табановце запленети 64 илјади евра: Царината спречи обид за нелегален пренос на девизи

Макфакс

31/07/2026

09:10

515

Големина на фонт

а а а

Царината на граничниот премин Табановце спречи обид за нелегален пренос на значителна сума готовина, запленувајќи 64.250 евра и поведувајќи прекршочна постапка против лицето. Во контрола во која учествуваа царински и полициски службеници, пронајдени се над 124.000 евра, а годинава на сила се вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи.

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.


Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени.


Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.