Во Скопје се спроведе нова, десетта фаза од дезинсекцијата против комарци, со цел заштита на јавното здравје и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Активностите ќе продолжат и во наредните денови, согласно предвидената програма.
Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Активностите, како што најави продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.
„Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци“, информира тој.
Наредната недела, според соопштеното ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните.
„Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните“.







