73 нови лица вчера побарале лекарска помош по случајот со загадената вода во Гостивар

Макфакс

30/07/2026

12:11

111

Големина на фонт

а а а

Вчера во Гостивар биле прегледани 73 лица кои побарале лекарска помош поради проблеми со загадена вода, а од нив 45 биле во Општата болница каде што дел од пациентите се хоспитализирани.

Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера биле прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство.

„Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија“.

Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба, велат од министерството.