Стоунс пристигна во Италија за да го комплетира големиот трансфер

Дерби

30/07/2026

11:14

276

Големина на фонт

а а а

Џон Стоунс ја почна и ја заврши својата авантура во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, а уште пред да биде официјализирано заминувањето на Шпанецот, англискиот стопер веќе си бараше нова средина.

Стоунс доби информација дека нема да му биде продолжен договорот и после цели десет години го напушти Манчестер, па иако имаше домашни понуди, тој на крајот реши да испроба нешто ново.

Англискиот репрезентативец сериозно напредуваше под водство на Пеп и пронајде верзии од себе со кои не беше запознае, бидејќи покрај тоа што играше како стопер, научи да игра и како десен бек и дефанзивен играч за врска во системот на Гвардиола.

Стоунс има 32 години и може да понуди врвен фудбал уште најмалку две-три сезони, па затоа се очекува да биде големо засилување за Интер, клуб кој ја доби битката за неговиот потпис..

Англискиот дефанзивец денеска пристигна во Италија и беше пречекан во Милано по повод потребните медицински тестови, по што Стоунс испрати и прва кратка порака.

– Навистина сум многу возбуден што сум тука, едвај чекам да почнам, – изјави Стоунс.