Гери Невил е крајно популарен во друштво на Рој Кин и Јан Рајт како домаќините на емисијата која ја водат за „Скај Спортс“, а бидејќи редовно имаат и доста познати гости, дискусиите кои се развиваат се навистина интересни.
Последен гостин на легендарното трио беше Вејн Руни и четворицата проговорија за најдобрите голови кои некогаш се постигнати во Премиер лигата, па добар дел од нив се сложија дека најверојатно најдобар е оној на Паоло Ди Канио.
Славниот Италијанец постигна нестварен гол против Вимблдон како член на Вест Хем и тој гол со децении се врти на најавните шпици за Премиер лигата, но ставот на Гери Невил за оваа мајсторија предизвика доста комична сцена во студиото.
Поранешниот десен бек на Јунајтед порача дека би можел да постигне таков гол и се обиде да долови како би го извел тоа, по што Рој Кин го седна на столче со брутален коментар.
– Немој да го правиш тоа, изгледаш како никогаш да не си бил фудбалер. Изгледаш како да си бил школски учител, – му порача Кин во свој стил.
Во продолжение, потсетете се на неверојатниот гол на Ди Канио…
Di Canio vs Wimbledon is the greatest Premier League goal ever
— West Ham United (@WestHam) November 17, 2020
ⓘ 𝗢𝗳𝗳𝗶𝗰𝗶𝗮𝗹 𝘀𝗼𝘂𝗿𝗰𝗲𝘀 𝘀𝘁𝗮𝘁𝗲𝗱 𝘁𝗵𝗮𝘁 𝗶𝘀 𝘁𝗿𝘂𝗲 pic.twitter.com/pJFa0MB7Gd







