Бруно тренира со сувенирот од Модриќ од мундијалот во САД, фановите воодушевени од капитенот на Јунајтед

Дерби

30/07/2026

10:44

204

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш сè уште е на продолжен одмор и се нема приклучено на тренинзите на Манчестер Јунајтед, но пред да биде дел од групата, капитенот веќе е во напредни индивидуални тренинзи за да се адаптира за предизвиците кои следат.

Играчот за врска имаше разочарувачко Светско првенство како и сите свои сонародници, но еден сувенир од мундијалот стана доста популарен поради фактот што Бруно го претстави додека тренира на летниот одмор.

Фернандеш го размени дресот со хрватскиот капитен Лука Модриќ по нивниот 1/16-финален дуел на Светското првенство, а сега Бруно го привлече вниманието со носење на истиот.

Португалецот јасно стави до знаење дека не собира колекција од дресови само за да му стојат во домашниот гардеробер, па со својот потег експресно предизвика и воодушевување кај фудбалските фанови.

– Класа препознава класа, – е најчестата реченица што се повторува на социјалните мрежи.