[ВИДЕО/ФОТО] Новиот пловечки спектакл на „Disney“ пристигнува во Европа во 2027 година и впловува во Јадранот: Еве кои градови ќе ги посети

Точка

30/07/2026

09:45

468

Големина на фонт

а а а

„Disney Wish“, брод на компанијата „Disney Cruise Line“, во 2027 година за првпат ќе започне со патувања низ Европа, а меѓу другото, за првпат ќе биде воведена и рута што вклучува два града во Хрватска.

Меѓу бројните рути што ги нуди овој крузер, „Disney“ од 2027 година за првпат ќе понуди осумдневно патување кое тргнува од Чивитавекија, во близина на Рим, а потоа продолжува преку Крф, Трст, Задар, Дубровник.

Кога станува збор за Дубровник, крузер на компанијата „Disney Cruise Line“ и претходно го посетувал овој град. Станува збор за крузерот „Disney Magic“, кој го посети Дубровник во 2013 година. Исто така, во јуни 2026 година во Дубровник вплови и крузерот „Disney Dream“.

Цената на осумдневното патување за две лица започнува од 7.192 евра, а првите патувања се закажани за 7 јуни 2027 година.

Каков е крузерот „Disney Wish“?

Крузерот, кој е во сопственост на подружница на компанијата „Walt Disney“, воедно е петтиот брод во флотата на „Disney Cruise Line“, а првпат исплови во 2022 година од Порт Канаверал кон Бахамите.


„Disney Wish“, кој е нешто поголем од „Disney Dream“ и „Disney Fantasy“, е изграден во 2022 година во Германија, а на Флорида пристигна во јуни. Располага со вкупно 1.254 бродски кабини – од кои повеќето имаат поглед кон океанот (70 проценти од нив имаат веранди) – и може да прими до 5.000 лица, вклучувајќи патници и членови на екипажот.

На „Disney Wish“ се наоѓаат три семејни ресторани, два „fine dining“ ресторани, безброј лежерни простори за оброци, како и бројни барови и салони.


За патниците што ќе се одлучат да патуваат со овој крузер, особено ќе бидат интересни содржините инспирирани од серијалите на „Disney“. Љубителите на „Disney“, „Marvel“, „Pixar“ и „Star Wars“ ќе го пронајдат своето место на бродот.