Со втората елиминација на вториот испит во Европа оваа сезона, Вардар ја заврши својата летна авантура во натпреварувањата на УЕФА, и тоа со научена лекција дека лошите изданија на домашен терен беа кобни за претрпените порази.
По неуспехот со Купс, Вардар повторно стигна до продолженија благодарение на далеку подобро издание на гостински терен, но и овојпат немаше сила за целосен пресврт во второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар загуби со 2:3 на домашен терен од Рига и отпатува во Летонија да брка победа, па иако постигна два гола и имаше херојско издание со играч помалку, не успеа докрај да ја сочува мрежата.
Македонскиот првак прими гол на три минути пред крајот, а потоа во продолженијата целосно „издиша“ и прими уште четири за тежок пораз од 5:2.
– Нема што многу да се каже, три минути не делеа од посакуваниот резултат. На теренот бевме поставени перфектно, тимот одговори максимално добро на сите барања и беше добро координирана.
– Тактички изгледавме извонредно, ги затворивме сите приоди кон голот иако речиси цел меч го игравме со играч помалку. По примениот гол, едноставно играчите веќе не можеа да продолжат во исто темпо. Без оглед на исходот, јас сум презадоволен од тоа како екипата се бореше и како тактички беше поставена на теренот, – изјави тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани.







