Следува топлотен бран: Првата половина од август носи температури до 40 степени

Макфакс

28/07/2026

18:00

146

Големина на фонт

а а а

Времето во првата половина од август ќе биде многу топло со дневни температури кои на некои места ќе достигнат и до 40 степени, следејќи топлотен бран и сончеви денови.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на топол бран во наредните денови следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.