Од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со пораст на температурите

Макфакс

27/07/2026

18:42

135

Големина на фонт

а а а

Времето од утре ќе биде стабилно, сончево и топло со мала локална облачност и пораст на температурите во повеќето делови од земјата, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.