Неколку членови на екипажот почувствувале мачнина, авион од Рим принудно слета

Макфакс

27/07/2026

12:30

170

Големина на фонт

а а а

Авион на Американ ерлајнс принудно слета во Даблин поради мачнина и вртоглавица кај неколку членови на екипажот. Во кабината бил забележан необичен мирис, а авионот остана за техничка проверка додека патниците беа пренасочени на други летови.

Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица.

Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж.

Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, каде што го пречекале медицински екипи. Патниците биле пренасочени на други летови, додека авионот останал во Даблин за техничка проверка. Причината за инцидентот сè уште се истражува.