Струмичанец подметнал пожар на трактор и автомобил

Макфакс

27/07/2026

11:50

111

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и личен автомобил во Струмица. По интервенција на противпожарната единица, пожарите биле изгаснати без повредени, а осомничениот е приведен и му е определен притвор.

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“.

На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема.

В.К. бил уапсен и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.