Десетте најскапи ѕвезди кои се достапни како слободни агенти на трансфер пазарот

Дерби

27/07/2026

11:00

153

Големина на фонт

а а а

Трансфер пазарот е во пол ек по крајот на Светското првенство и веќе видовме неколку операции кои предизвикаа голем потрес во европскиот фудбал, а интересно е тоа што допрва се очекува расплет на комплексни трансфер операции во месец август.

До крајот на летниот преоден рок има повеќе од еден месец и клубовите ќе имаат шанса да ги комплетираат своите замисли, но во период кога се трошат неверојатни суми во англиската Премиер лигата, „Трансфермаркт“ потсети на десетте највредни играчи кои се достапни како слободни агенти.

Премиерлигашите уште едно лето се покажуваат како убедливо најголеми трошачи, големи амбиции покажува и Реал Мадрид со последните раздвижувања, но покрај големите ѕвезди кои чинат стотици милиони евра, има и такви кои се достапни за беспари.

Душан Влаховиќ, Мохамед Салах и Џејдон Санчо ја предводат листата на највредни фудбалери кои се достапни гратис на трансфер пазарот, а во топ 10 се најдоа и Леите, Кеси, Стоунс и Горецка.

1. Душан Влаховиќ – пазарна вредност од 35 милиони евра

2. Мохамед Салах – пазарна вредност од 22 милиони евра

3. Џејдон Санчо – пазарна вредност од 18 милиони евра

4. Бамба Диенг – пазарна вредност од 15 милиони евра

5. Јулиан Брандт – пазарна вредност од 15 милиони евра

6. Диого Леите – пазарна вредност од 12 милиони евра

7. Франк Кеси – пазарна вредност од 12 милиони евра

8. Фабињо – пазарна вредност од 12 милиони евра

9. Џон Стоунс – пазарна вредност од 12 милиони евра

10. Леон Горецка – пазарна вредност од 12 милиони евра