Пожар зафати куќа во Скопје, изгоре дел од покривот

Макфакс

26/07/2026

16:40

198

Големина на фонт

а а а

Пожар избувнал во семејна куќа во Скопје при што дел од кровната конструкција бил опожарен, а интервенцијата на пожарникарите ја спречила понатамошната штета. Во инцидентот нема повредени.

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје.

На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа.