Скопјанец ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Макфакс

25/07/2026

13:40

185

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници во Скопје уапсија маж кој долго време ја следел и вознемируваше својата поранешна партнерка, а исто така испраќал навредливи пораки кон нејзиниот малолетен син.

Вчера во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.С.(39) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следи и вознемирува, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.