Малолетничка од Ресен пријавила дека е претепана од нејзината мајка и очувот, по што полицијата интервенирала и ги лишила од слобода осомничените лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Малолетничка претепана од нејзината мајка и очувот
Малолетничка побарала помош од полицијата и пријавила дека била претепана од нејзината мајка и очувот.
Имено според полицијата, синоќа во 23:45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода А.А.(36) и С.А.(31), двајцата од Прилеп.
Според пријавеното, во ОВР Ресен малолетничка побарала помош затоа што била физички нападната од нејзината мајка С.А. и очувот А.А. по што се здобила со повреди.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.







