Побрзо и поефикасно да се обезбедуваат термини за специјалистички прегледи: Клековски на средба со претставници на матичните лекари

Макфакс

24/07/2026

17:20

163

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Сашо Клековски одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство, каде беа разгледани начини за побрзо и поефикасно обезбедување термини за <b>специјалистички</b> прегледи преку системот Мој термин, како и зголемување на соработката за унапредување на системот за термини.

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно да обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин.

На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување на посакувани термини.

На средбата беше договорено дека Министерството, заедно со Управата за електронско здравство остануваат отворени за натамошна соработка со претставниците на матичните лекари, здравствените установи и софтверските компании, со цел да се воспостави ефикасен и ефективен систем за термини.