Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница, ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат Македонија, велат од СДСМ

Макфакс

24/07/2026

16:30

226

Големина на фонт

а а а

Во текстот се потенцира проблемот со неисправната вода во неколку македонски градови и се обвинуваат ВМРО-ОКГ и Мицкоски дека продолжуваат да ја трујат Македонија, додека СДСМ бара одговорност и конкретни мерки од институциите.

Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника.

„Што вели организираната криминална група ВМРО?

Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го отруја народот со приказната за „предавници“ и „патриоти“. Го поделија народот. Сега го трујат и со вода.

Додека тие се занимаваат со базени, билборди и нови министри, граѓаните добиваат вода што не смеат да ја пијат“.

СДСМ прашува уште колку градови треба да бидат затруени за министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност.

Дополнително од опозициската партија прашуваат дали Савевски ќе покрене кривична постапка против одговорните, наместо, како што велат, да ги крие резултатите од анализите на водата, или чека повик од Мицкоски.

„Кој град е следен“.