Арсенал мерка англиски репрезентатици како замена за повредениот Салиба

Дерби

24/07/2026

14:00

225

Големина на фонт

а а а

Арсенал подолго време нема да може да смета на услугите на стандарниот првотимец Вилијам Салиба кој се повреди настапувајќи за Франција на Светското првенство.

Се споменува пауза од неколку месеци и токму поради тоа англискиот шампион не сака да ризикува и ќе го искористи овој преоден рок да доведе соодветно засилување.

Според медиумите на островот „топчиите“ целат кон две имиња, двајца англиски репрезентативци. Првата опција е Џон Стоунс, играч кој е слободен по епизодата во Манчестер Сити, фудбалер кој нуди искуство, квалитет и кој ви знаел да одговори на предизвикот.

Меѓутоа во целата приказна и е Челси кој исто го цени Стоунс, па нема да биде изненадување ако бидиме уште една битка на лондонските тимови.

Опција за составот од „Емирејтс“ е и Езри Конса од Астон Вила, ас кој може да игра како стопер и десен бек, но за него ќе мора да биде плати трансфер обештетување од околу 60 милиони фунти.