Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатен училишен ранец, финансиска помош и бесплатна ужинка за секое прваче, со цел да се создадат еднакви и достоинствени услови за почетокот на нивното образование.
Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година.
Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование.
- Првиот училишен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете. Наша обврска е да создадеме услови секое прваче безгрижно и со насмевка да зачекори во училишните клупи. Затоа, континуирано инвестирање во образованието и во мерки што им помагаат на децата и на нивните семејства – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Со оваа мерка, општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање еднакви можности за сите ученици и обезбедување квалитетни услови за нивниот образовен развој.







