ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека дезинформира и ја политизира состојбата со водоснабдувањето

Макфакс

24/07/2026

11:20

150

Големина на фонт

а а а

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се тврди дека СДСМ ја злоупотребува кризата со водоснабдувањето во Гостивар за политички маркетинг, притоа шири паника, додека ВМРО-ДПМНЕ ја критикува локалната власт и ги повикува политичарите на одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните.

Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот со водоснабдувањето во Гостивар ќе биде решен во краток рок. Воедно, ја обвинуваат локалната власт во Гостивар, која е предводена од коалиција на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, дека нема капацитет да управува со општината.

Партијата повика сите политички чинители да покажат одговорност и јавноста да биде информирана со факти, оставајќи им простор на институциите професионално да ја извршуваат својата работа.