Челси го доведе Чаби Алонсо за нов предводник на екипата, но многумина имаа дилеми дали и како клубот ќе реагира во првата сезона во Шпанецот кога се во прашање инвестициите, засилувањата затоа што „сините“ нема да играта во Европа во престојнава кампања и воедно имаат доста играчи на располагање.
Меѓутоа клубот од Лондон игра навистина сериозно на трансфер пазарот, прво ја затвори зделката за талентираниот Италијанец Марко Палестра, потоа постави нов британски рекорд за да го добие потписот на англискиот репрезентативец Морган Роџерс, а сега е на добар пат да ја затвори зделката за членот на Кристал Палас, Максанс Лакроа.
Последните информации говорат дека трансферот е во завршна фаза и тоа за пакет вреден 52 милиони фунти и договор според кој Французинот ќе биде дел од премиерлигашот до 2032 година.
Лакроа од 2024 година е дел од Кристал Палас во кој пристигна од Волфзбург кој исто така ќе заработи одредена сума на пари од трансферот.
Дефанзивецот во минатата сезона одигра 55 средби во сите конкуренции со учинок од 3 гола и 3 асистенции, партии со кои се наметна и беше дел од составот на Франција на СП.







